дотлеат
Вид збор: Глагол, свршен
Го заврши животот осамено, повлечено.
Примери:
Го испратија во манастир да ги дотлее годините.
замрат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да дава јасни знаци на живот.
Примери:
Тој легна во постелата и замре, свртен кон ѕидот.
запаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
замира, изумира
Примери:
Запаѓаат старите занаети.
Вид збор: Глагол, несвршен
изумре
Примери:
Традиционалната потпелистерска архитектура изумира.
изумрат
Вид збор: Глагол, свршен
Умре не оставајќи никакво потомство.
Примери:
Тие сите изумреа, не остана никој во големата куќа.
Умре еден по друг, сите.
Примери:
Изумреле многу деца за време на војната.
мртвеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Замира, живее во мртвило, без активност.
Примери:
Овде животот мртвее.
Вид збор: Глагол, несвршен
пропаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Доживее пропаст.
Примери:
Прекрасни занаети пропаднаа, немаше кој да ги наследи.